Ако Русија одлучи да ја нападне Украина, тоа ќе има последици врз енергетскиот пазар на САД, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.
– Американскиот народ треба да знае дека одбраната на слободата и демократијата имаат цена. Нема да кажувам дека ова би било безболно, но ќе влијае на цените на енергенсите, истакна Бајден.
Тој додаде дека затоа САД прават чекори за намалување на притисокот врз енергетскиот пазар во земјата.
– Во разговор сме со произведувачите за да се намалат цените на горивата… Ова е причина и за обединување на републиканците и демократите, посочи Бајден.
Тој додаде дека ќе поднесе иницијатива во Конгресот за обезбдување енергетска сигурност во САД, во случај на конфронтација во Европа.
– СНе бараме конфронтација со Русија. Но нека е јасно, ако Украина биде нападната, ќе одговориме со полна сила. Ако Русија ги нападне САД или нашите сојузници преку асиметрични начини како кибер напади против нашите компании или врз критичната инфраструктура, подготвени сме да одговориме, укажа Бајден.
Во име на заедничката иднина што Русија и Америка ја делат, рече тој, треба да се одбере дипломатија.
Извор: МИА