Ле Дриан: Руското признавање на Доњецк и Луганск би било „напад без оружје“

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека доколку Москва ги признае како независни двата отцепени региони во источна Украина, Доњецк и Луганск, поддржани од Русија, тоа ќе претставува „напад без оружје“.

– Доколку тоа се примени, тогаш би било невозможна ситуација и би претставувало еден вид напад без оружје. Тоа би било кршење на суверенитетот на Украина, истакна Ле Дриан во францускиот Парламент.

Кремљ денеска соопшти дека дел од руските војници се враќаат во базите по воените вежби во близина на Украина, додека НАТО и САД соопштија дека допрва треба да видат докази за деескалација што може да спречи војна.

Шефот на француската дипломатија го поздрави сигналот од Русија дека повлекува сили распоредени близу границата со Украина, но ја повика Москва да го спроведе потфатот во дело.

– Зборовите се добри. Чекаме дела. Ако има акции тогаш тоа ќе биде уште подобро, нагласи Ле Дриан во Парламентот. Тој додаде дека забележал некои неодамнешни „наклонети“ руски официјални лица кои укажуваат на отвореност за дијалог.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски