Бајден вечерва ќе даде изјава за руско-украинската криза

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва ќе даде изјава во врска со тензиите околу Украина, откако Русија објави дека повлекува дел од своите војници долж границата со соседната држава.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден ќе се обрати попладнето по локално време (во 21,30 часот по македонско време), со цел да „потврди дека САД остануваат отворени за дипломатија на високо ниво во тесна координација со нашите сојузници“.

– САД продолжуваат да веруваат дека дипломатијата и деескалацијата се најдобриот пат за напредок, но се подготвени за секое сценарио, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети