Во Белград утре средба на Вучиќ со Мицотакис

Од:

Утре, 16 февруари, во работна посета на Република Србија пристигнува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што најавија од прес службатат на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе има работен состанок со премиерот на Република Грција, Кирјакос Мицотакис во претседателската зграда во вечерните часови, по што се предвидува двајцата да дадат изјави за медиумите.

Претседателот Вучиќ и премиерот Мицотакис се сретнаа во декември 2019 година во Атина, кога беше потпишана Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Србија и Грција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи