Приштина ги повика косовските граѓани да ја напуштат Украина

Од:

Министерството за надворешни работи и дијаспора (МПЈД) на Косово ги повика косовските грѓани кои се наоѓаат во Украина да ја напуштат таа држава „што поскоро“, поради растечката опасност од тамошна инвазија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението што косовското МНР објавено вечерва на својата официјална страница на Фејсбук, се предупредува дека „веќе не може да се исклучи почетокот на отворен вооружен конфликт“ во Украина, исто така се апелира до косовските граѓани да не патуваат во тој регион.

– По драматичното зголемување на тензиите меѓу Русија и Украина, предизвикани од големото присуство и раздвиженост на руските трупи во близина на границата со Украина, веќе не може да се исклучи почетокот на отворен вооружен конфликт. МПЈД ги повикува граѓаните на Република Косово да не патуват во Украина и доколку се наоѓаат таму да ја напуштат што поскоро, соопшти официјална Приштина, воедно објавувајќи телефонски број и имејл на кој што можат да се обратат граѓаните кои се наоѓаат во Украина.

По порастот на тензиите меѓу Русија и Украина, вчера и денеска повеќе западни држави, меѓу кои и САД, ги повикаа своите граѓани да го напуштат кризниот регион.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев