Руски амбасадор за заканите со санкции: Не заболе уво

Од:

Виктор Татаринтсев, руски амбасадор во Шведска, за тамошниот таблоид „Алфонбладет“ даде интервју во кое помеѓу другото зборува за заканите од санкции на европските држави и САД.

-Новите санкции не се позитивни ама не се ни така лоши како што ги претставува Западот. Тие не го разбираат рускиот менталитет. Што повеќе Западот ја притиска Русија, одговорот од Русија ќе биде се посилен. Се извинувам на изразот, но навистина „не заболе уво“ за западните санкции, рече амбасадорот за шведскиот весник.

САД и ЕУ секојдневно се закануваат доколку Русија ја нападне Украина, ќе биде изложена на најстрогите санкции некогаш воведени во светот. Рускиот амбасадор кажа дека Русија сака да избегне било каква војна и дека е тоа последно нешто што посакува рускиот народ.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски