Во Црна Гора потврдена „стелт“ варијантата омикрон

Од:

Црногорските епидемиолози ги потврдија првите четири случаи на невидливата или стелт варијантата на сојот омикрон информираат медиумите во земјата. Сепак епидемиолозите смируваат дека нема простор за загриженост.

Во соопштенеито од црногорскиот Институт за јавно здравје се вели дека земјата им се придружила на 60 држави во кои е регистриран високозаразниот сој. Од државите во регионот, овој вид омикрон е забележан и во Србија, Хрватска и во Словенија.

„Светската здравствена организација тврди дека новата подваријанта на омикрон БА.2 не е „варијанта за загриженост“, што значи дека не постојат докази дека новата подваријанта ќе ја влоши преносливоста на вирусот, сериозноста на клиничката слика на болеста, ефикасноста на постоечките вакцини како и делотворноста на противепидемиските мерки“ – се вели во соопштениет од Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Бројот на новозаболени на дневно ниво во последните две седмици во Црна Гора падна од рекордните околу 3.000 на околу 500 и поради ова црногорските здравствени власти решија да затворат два ковид центри во Пофгорица, но и натаму во земјата на сила се строгите епидемиолошки мерки.

Би можело да ве интересира

Прв случај на зараза со новиот сој „кракен“ во Црна Гора

Во Америка се појави нова варијанта на омикрон, Германците предупредија за брзото ширење на вирусот

А1он

Во Грција почнува имунизација со вакцини за новите подваријатни на Омикрон

А1он

Во Грција потврден првиот случај на „Кентаур“, нова подваријанта на Омикрон

А1он

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

Европската Агенција за лекарства одобри две верзии вакцини против Омикрон сојот на коронавирусот

Ана Ололовска