Олимпискиот шампион на 5 и 10 километри, Мохамед Фарах најави дека наскоро ќе има шанса да се соочи со најбрзиот човек на планетава, Усаин Болт.
Тој ќе се обиде до крајот на сезоната да организира трка во која тој ќе се натпреварува со освојувачот на шест злата од последните две Олимпијади, Усаин Болт.
„Јас и Болт имаме фондации кои им помагаат на луѓето. Мислам дека ќе биде прекрасно ако можеме да организираме заедничка трка, а финансиските средства што се ќе се соберат да се уплатат на сметките на двете фондации. Сметам дека успееме да предизвикаме интерес во јавноста и ќе собереме средства кои ќе ги искористиме да им помогнеме на многу луѓе”, изјави Фарах.
Тој истакна дека должината на патеката ќе биде 600 и 800 метри бидеќи тоа е дистанца, која ќе има одговара на двајцата.
Доколку двајцата атлетичари се договорат трката би се одржала на крајот од сезоната односно во втората половина од септември.