Педест и осум отсто од Американците не се задоволни од работата на претседателот Џо Бајден, покажуваат резултатите од анкетата на Си-Ен-Ен.
Анкетата покажува дека само 36 проценти од независните и само девет отсто од републиканците ја пофалија работата на Бајден.
Од друга страна, 83 проценти од демократите се изјасниле дека се задоволни од работата на Бајден што е пад од 11 отсто во споредба со рејтингот на американскиот претседател во летото 2021 година, кога имаше поддршка од 94 проценти.
Поддршката за Бајден бележи пад во време кога се одвиваат тековни разговори за новите законодавни иницијативи на Белата куќа.
Извор: МИА