ВИДЕО: Мистериозни црни бубачки кои скокаат по снегот сеат страв кај жителите на српските села

Од:

Жителите на селата Збојштица и Љубање се соочуваат со необичен проблем. На површината на снежната покривка, веќе со денови се движат црни бубачки за кои ни најстарите жители не памтат дека некогаш претходно се појавиле.

„Ни мраз не ги спречува да опустошуваат по селата. На секој чекор во нашето село гледате купишта црни бубачки, кои секој ден ги има се повеќе. Глетката е навистина страшна, се чувствувате непријатно додека шетате по снегот, а околу вас скокаат непознати инсекти“, вели Драго Жуњиќ од селото Збојштица.

Освен што е непријатно за гледање, мештаните се плашат дека овие бубачки ќе причинат штета на нивните насади.

Според нивните зборови, најмногу ги има покрај патиштата и шумата, но исто така ги има и близу нивните куќи.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари