Шолц пред средбата со Бајден се заложи за единство околу Украина

Од:

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, денеска ја потврди посветеноста на Германија кон нејзиниот сојуз со САД, за време на неговата прва посета на Вашингтон на новата функција, јави ДПА.

-Ние сме блиски сојузници и дејствуваме на координиран начин и единствено што се однесува до актуелните кризи, рече Шолц по пристигнувањето во главниот град на САД и пред разговорите со претседателот Џо Бајден.

„И од таа причина, важно е Германија, САД, НАТО и Европската унија да расправаат усогласено“, рече тој во врска со украинската криза.

-Ќе платиме многу висока цена доколку Украина воено биде нападната, рече тој, пренесен од германската агенција.

Шолц рече дека деталите за таа цена долго се разговарале и се подготвувале со цел да има брза, решителна и усогласена акција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот