Скијачот Дардан Дехари го носеше македонското знаме на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Македонија има тројца спортисти на овие Игри, Ставре Јада и Ана Цветановска не беа дел од свечената церемонија затша што се во изолација поради контакт со позитивно лице.
Дардан Дехари ќе настапи во слалом/велеслалом на 13 и 16 февруари, Ставре Јада ќе настапи во дициплината спринт слободно 1,5км на 8 февруари и 50км слободно на 19 февруари, Ана Цветановска ќе настапи на 7,5км слободно + 7,5км скијатлон на 5 февруари и 10км класично на 10 февруари.