Ковачевски-Мишел: Македонија без одлагање да ги почне преговорите за влез во ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

На средбата, како што информираат од Влада, премиерот Ковачевски изразил благодарност за посветеноста на европската иднина на Северна Македонија со неговите лични заложби за отпочнување на пристапните преговори на земјата со ЕУ без одлагање.

Премиерот Ковачевски на средбата истакнал и дека новата Влада го задржува фокусот на клучните реформски области за европеизација на владеењето на правото и борбата против корупцијата, демократското владеење, економскиот развој, енергијата и климата и дигиталните транзиции, како и на унапредување на добрососедските односи и европската интеграција.

„За време на разговорот, претседателот на Владата Ковачевски го информираше претседателот на Европскиот Совет Мишел за започнатиот интензивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија. Од зачестената комуникација во наредниот период се очекуваат резултати кои ќе го помогнат изготвувањето на патоказот за спроведување на заеднички прифатените проекти за унапредување на довербата и за билатералната соработка со крајна цел да се деблокира постапката за првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ“, се вели во владиното соопштение.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Европскиот Совет споделиле и заеднички став дека е забележлива подготвеноста на владите во Скопје и Софија да се зголемат напорите за подобрување на односите меѓу земјите и дека во таа насока ангажманот на Европските институции во помагањето за деблокирање на процесот за пристапување кон ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија, се очекува позитивно да влијае на динамиката на реформи во Западен Балкан.

На средбата во Европскиот Совет било истакната соработката меѓу ЕУ и НАТО за дипломатски одговор и деескалација на кризата во Украина, информираат од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски