Израел учествува во воена вежба заедно со Саудиска Арабија и со Оман

Од:

Израел учествува во голема поморска вежба предводена од САД на Блискиот Исток. Израел првпат јавно им се приклучи на Саудиска Арабија и на Оман, земји со кои нема дипломатски односи и покрај нормализацијата на односите со некои земји од Персискиот Залив.

Во Меѓународната поморска вежба 2022 (ИМХ 22), што се одржува седма година, учествуваат околу 60 земји. Поморската вежба ИМХ 22 почна на 31 јануари од базата на Петтата флота на САД во Бахреин и се одвива во Персиски залив, Арапско Море, Омански Залив, Црвено Море и Северен Индиски Океан.

Израел првпат учествува во вежбата ИМХ 22, заедно со Саудиска Арабија, со која нема дипломатски врски, додека Кувајт и Катар, кои исто така немаат формални односи со Израел, според американската морнарица, не учествуваат.

Израел во 2020 година ги нормализираше односите со државите од Персиски Залив, Обединети Арапски Емирати и Бахреин, а во ноември 2021 година одржаа заеднички поморски вежби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“