Рама во Вашингтон ќе се сретне со Блинкен

Од:

Во средината на месецов албанскиот премиер Еди Рама ќе учествува на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, а потоа ќе отпатува во Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тоа ќе биде втора средба меѓу Рама и Блинкен, по онаа од 13 јуни 2021 година во Брисел, каде што САД и Албанија потпишаа меморандум за 4Г и 5Г безбедност.

Средба помеѓу Рама и Блинкен е во време поранешниот албански премиер Сали Бериша ја засили антиамериканската реторика откако беше прогласен за „персона нон грата“. Бериша и поднесе тужба против Блинкен во судот во Париз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија