Истрага за пронајдена марихуана во Куманово

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на Слупчане за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 31 јануари, во својот автомобил, осомничениот неовластено заради продажба држел вкупно 31,67 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе помали пакувања. При извршен преглед на возилото, полициски службеници ја откриле и одзеле дрогата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода. Судијата донесе Решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба