Италијанската фудбалска федерација ја одби жалбата на голманот на Торино, Жан-Франсоа Жиле и му ја потврди суспензијата од 43 месеци.
Жиле казната ја заработи поради местење натпревари како член на Бари.
Со оваа одлука се доведува во прашање продолжението на кариерата на белгискиот интернационалец со оглед на неговата возраст од 34 години.
Освен Жиле, изминатиов период во италијанскиот фудбал поради местење резултати казнети се повеќе фудбалери.
Меѓу нив се клупскиот колега на Жиле, напаѓачот Пауло Соуса, како и играчот на Џенова Џовани Маркезе кои знаеле, а не пријавиле наместен натпревар од Серија А во 2009 година.