Белгиските експерти и властите дебатираат за задолжителна вакцинација

Од:

Пратениците во Белгија започнаа со сослушувања на најреномираните епидемиолози во земјата во контекст на дебатата за задолжителна вакцинација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Над 30 епидемиолози, виролози но и експерти од други области ќе бидат сослушани до 4 февруари во парламент од страна на пратениците од долниот дом за да се дојде до одржливо решение за вакцинацијата.

Епидемиологот Мариус Жилбер, еден од најреномираните во земјата, денеска предложи да се оди кон поттикнување на вакцинација преку бесплатни лекарски консултации за невакцинираните, и го критикуваше Ковид сертификатот за пристап до јавни собири и културни настани.

Според Жилбер ковид пасот не ја врши својата функција на спречување на ширењето на вирусот бидејќи луѓето го водат својот социјален живот на места каде нема потреба од таков пас, најчесто во домашни услови и едноставно не одат повеќе во ресторани и на културни настани каде се бара сертификат за вакцинација. Тој истакна и дека вирусот највеќе се шири на места каде не е задолжителен овој сертификат како образовните институции и работното место.

Што се однесува до вакцинацијата, епидемиологот им предлага на пратениците да се свртат кон мерки на поттикнување наместо на казнување. Тој тоа го нарекува “задолжителен вакцинален избор“.

-Овој задолжителен вакцинален избор може да биде алтернатива на задолжителната вакцинација, изјави Жилбер пред пратениците.

Невакцинираното лице би имало обврска да оди на бесплатна консултација со лекар за да разговара за бенефитите од вакцината.

-Оваа консултација би му овозможила на лекарот да ги земе предвид индивидуалните фактори на ризик и да ги презентира на пациентот како силен аргумент, да одговори на прашањата за ризиците поврзани за аплицирањето на вакцината, смета експертот.

Според него товарот на вакцинацијата за сега е целосно оставен на индивидуите, додека нов пристап би овозможил повторно поврзување на луѓето со матичните лекари. Одговорноста исто така би лежела кај лекарот да убеди, наместо кај пациентот да се информира на своја рака, најчесто од небезбедни извори на информација. На пациентот би му се оставил избор на крај на консултација, избор со кој тој потоа ќе се носи.

Епидемиологот Жилбер исто така предупреди дека ниската стапка на вакцинација во одредени делови на земјата и во одредени слоеви на населението се должи на губењето контакт помеѓу лекарите и пациентите, оваа појава рече тој не е нова и и претходеше на пандемијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски