Путин до Макрон: Западот не ја зеде предвид руската загриженост

Од:

По разговорот на рускиот и францускиот претседател, со соопштение се јави Кремљ, и во него се наведува дека „никој не треба да ја зајакне својата безбедност на сметка на другите земји“.

Елисејската палата се уште нема објавено соопштение на својата веб страница, јави дописникот на МИА.

Рускиот претседател „му се пожалил“ на својот француски колега за отфрлањето на Западот на неговите предлози за постигнување деескалација во конфликтот околу Украина и со НАТО.

„Одговорите на САД и НАТО не ги земаа предвид основните грижи на Русија“, се наведува во соопштението на Кремљ посветено на средбата меѓу двајцата лидери.

Клучното прашање е игнорирано, а тоа е како САД и нивните сојузници имаат намера (…) да го спроведат принципот дека никој не треба да ја зајакнува нивната безбедност на штета на другите земји, пренесува руското претседателство.

Според Кремљ, Русија ќе ја „одреди својата идна реакција“ откако детално ќе ги проучи одговорите на нејзините ривали.

Повеќе од 100.000 руски војници се распоредени на украинската граница од крајот на 2021 година, според проценките на запад кој стравува дека инвазијата на Украина, западниот сосед на Русија, е неизбежна. Русија негира каков било план за инвазија, но смета дека е загрозена од проширувањето на НАТО веќе 20 години и од западната поддршка за Украина.

Затоа, таа ја услови деескалацијата со крајот на политиката на проширување на Алијансата, особено со Украина, и враќање на западните воени распоредувања на границите од 1997 година. Но, САД и НАТО формално ги отфрлија овие барања во средата, притоа предлагајќи преговори за реципрочни ограничувања за распоредување на ракети со краток и среден дострел на двете ривалски нуклеарни сили во Европа, како и за воени вежби во близина.

Путин од своја страна, за време на разговорот со Макрон, подвлекол дека Русија сака да продолжи да работи на решавањето на конфликтот во источна Украина. Тој инсистирал на постоечкиот формат на разговори што ги обединува Москва, Киев, Берлин и Париз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје