На годишнината од Олимпијада во Лондон на митингот од Дијамантската лига во трката на 100 метри победи Усеин Болт од Јамајка.
Тој на 100 метри истрча за 9.85 секунди што е негов најдобар резултат сезонава.
На второто место се пласира Американецот Мајкл Роџерс со резултат 9.98 секунди, а трет беше Неста Картер со резултат 9.99 секунди.