Путин: Русија и Кина се против политизација на спортот пред ЗОИ

Од:

Русија и Кина се против политизација на спортот и демонстративни бојкоти во пресрет на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, обраќајќи им се на спортистите од неговата земја.

САД се во групата на неколку земји кои поради загриженост за ситуацијата со човековите права во Кина се одлучиле за т.н. дипломатски бојкот и нема да испраќаат политичари или други официјални државни претставници на ЗОИ следниот месец

Од друга страна, Путин најави дека планира да присуствува на Зимските олимписки игри и да се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг.

– Сметам дека основна цел на спортските натпревари е масовно популаризирање на спортот и зајакнување на пријателството меѓу народите. Овие пристапи ги споделуваат и организаторите на претстојните ЗОИ, нашите кинески пријатели. Заедно се бориме против политизирање на спортот и демонстративните бојкоти. Ние ги поддржуваме традиционалните олимписки вредности, пред сè, еднаквоста и правичноста, истакна Путин.

Наместо вообичаената церемонија во Москва пред заминувањето на руските тимови на Олимписки игри, Путин преку видео-линк им се обрати на спортистите собрани во тренинг центрите низ земјата.

– Ве замолувам вас и сите ваши соиграчи ригорозно да ги почитувате сите барања на организацискиот одбор на Зимските олимписки игри и строго да се придржувате до сите медицински упатства, изјави шефот на руската држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства