Македонија се подготвува за конфликт со Русија, а хрватскиот претседател контра: Ќе ги повлечам сите војници

Од:

Македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска кажа дека постои можност армијата на земјата да биде вклучена во евентуален воен конфликт меѓу Украина и Русија, а од Хрватска стигнуваат сосема спротивни ставови.

И додека според Петровска македонските вооружени сили веќе подготвувале анализи за евентуален ангажман во овој конфликт, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на прашањето за коментар за конфликтот во Украина рече дека не знае ништо за таков конфликт.

-НАТО го засилува своето присуство, ние немаме ништо со тоа, ниту ќе имаме ништо. Доколку дојде до ескалација, ќе се повлечеме до последниот хрватски војник. Тоа нема никаква врска со Украина, туку има со политиката на Бајден, гледам недоследност и опасно однесување.

Постојат начини да се спаси Украина, барем 99 отсто, а тоа е да и се помогне економски, рече Милановиќ.

Кога си замина Трамп, кој беше нападнат од демократите дека се однесува како дадилка кон политиката на Путин, новата администрација, под притисок на републиканските јастреби, одеднаш изврши притисок врз Пентагон и Бајден да застанат цврсто против Русија. Гледам силен руски интерес. Ја гледам и Украина. На Украина не и е местото во НАТО, тие се една од најкорумпираните земји во светот.

Мир. треба да се смири политичката сцена и да не се допушти екстремистите да вршат притисок на политиката зошто Хрватска во тоа нема да учествува. Нема да дозволам, а Пленковиќ колку сака нека и се заканува на Русија. Освен што двапати ја посетил Украина, не знае што се случува. Хрватска треба да избега од тоа, кога има пожар – затвори ја вратата, додаде Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот