Светскиот рекордер на 100, 200 и 4х100 метри, Усаин Болт е една од најголемите ѕвезди на дводневниот митинг во Лондон, кој е дел од Дијамантската лига.
„Оваа година сакам да трчам што е можно подобро и побрзо во однос на претходната. Искрено би сакал да соборам и некој светски рекорд, а дали тоа ќе случи тука во Лондон или на Светското првенство во Москва ќе видиме”, изјави Болт.
Тој е среќен што ќе има шанса повторно да се натпреварува на Олимпискиот стадион во Лондон.
„За овој град ме врзуваат убави спомени. Минатата година беше прекрасно и верувам дека така ќе биде и сега”, заврши Болт.