ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлогот за укинување на техничката влада

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска до Собранието поднесе Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Влада на Република Македонија. Со овој Предлог на Закон, ние предвидуваме и бараме бришење на одредбите од законот за начинот на избор на Владата кои предвидуваа сто дена пред одржувањето на парламентарни избори да се избере нова, преодна Влада информираше координаторот на пратеничката групна на ВМРО-ДПМНЕ, Никола мицевски.

– Втората клучна интервенција во овој Предлог на Закон е тоа што предлагаме и бараме согласно Деловникот за работа на Собранието, овој Предлог на Закон да биде ставен како точка на дневен ред на 61-та седница на Собранието на Република Македонија која што треба да се одржи во среда, 26.01.2022 година. Токму од овие причини, овој Предлог на закон го поднесовме по скратена постапка., рече Мицевски.

Тој информираше дека на редовната понеделничка координација кај Претседателот на Собранието, ги понудиле овие измени на Законот за поддршка и потпис и до парламентарното мнозинство, но како што рече тие не се изјасниле по ова прашање.

– Очигледно тие се’уште немаат став и желба за надминување на оваа катастрофална состојба во која што се наоѓа Република Македонија. Очигледно, тие се плашат од гласот на народот и се плашат од брзи и предвремени парламентарни избори со кои што граѓаните ќе добијат народна, ефикасна и посветена Влада насочена исклучиво кон решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, вели Мицески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот