ВИДЕО: Ескалираа масовните протести во Брисел против мерките, „летаа“ факели и солзавец

Од:

Денеска во Брисел се одржува масовен протест против епидемиолошките мерки. Илјадници луѓе се собраа утрово во 11 часот и тргнаа на „прошетка за слобода“. Според првичните проценки на полицијата, на улиците има десетици илјади луѓе, додека организаторите велат дека има повеќе од сто илјади.

Демонстрантите кои маршираат низ улиците на Брисел тврдат дека „ја бранат демократијата, човековите права и правото на устав“. Ова е петти протест против мерките во последните два месеци, а претходните четири ги одбележаа насилство и судири со полицијата.

Демонстрантите, собрани во поголем број отколку на претходните собири, носеа натписи против премиерот Александар Де Кро и ковид потврди, пренесува Франс прес.

До насилство дојде и денеска. Демонстрантите почнаа да фрлаат факели, а полицијата одговори со солзавец.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски