Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Од:

Медиумите ги открија високите бонуси на обвинителите во СЈО, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повеќе од две години не мрдна од мртва точка со предистрагата која и натаму е активна. Од ноември 2019 година до сега, ова Обвинителство уште ја испитува законитоста на договорите што ги потпишувале обвинителите од СЈО со шефицата Катица Јанева, за надоместоци за ризикот што го носеше нивната работа во сега згаснатото СЈО. Според пресметките, за четири години, десетте специјални јавни обвинители плус Катица Јанева зеле надоместоци од над еден милион евра.

Обвинителот кој постапува по овој случај тврди дека и сега собира докази. Како причината за долгата предистрага за нив и натаму е класифицираниот ревизиски извештај, кој трета година се декласифицира.

„Во однос на временскиот рок треба да се има предвид дека Ревизорскиот извештај за работењето на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) не беше објавен на веб страницата на Државниот завод за ревизија поради класификација на информациите содржани во него и беше потребна негова декласификација, во моментот се очекува декласификација на останатиот прибран доказен материјал. Воедно напоменуваме дека предистражната постапка не е временски ограничена“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Во меѓувреме, дел од обвинителите кои ги земале овие надоместоци, сега и работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кои ја водат оваа предисграга со години. Во април минатата година, Советот на јавните обвинители ги избра експецијалните обвинители Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов за обвинители кои сега гонат организиран криминал.

Катица Јанева, како што веќе беше објавено, од 2015 до годинава зела надоместоци од 157 илјади евра. Веднаш зад неа се обвинителите Стевчо Донев и Елизабета Јосифоска кои добиле по 107 илјади евра. Обвинителката Лиле Стефанова зела надоместоци од 93 илјади евра, додека нејзиниот колега Бурим Рустеми 90 илјади евра.

По 87 илјади евра за 4 години надвор од редовната плата зеле Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, а илјада евра помалку зеле Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. Обвинителката Ленче Ристоска зела најмалку, 72 илјади евра.

Ова се приходи што обвинителите ги добивале како додаток за доверливост, односно да не откриваат што чуле во „бомбите“.

Но, надоместоци не земале само обвинителите. Па така, Вили Јанев, шоферот на Катица Јанева, зел 30 илјади евра, а на внукот од сестрата на Јанева, Ѓорѓи Делиџаков, му биле исплатени 27 илјади евра.

Синот на врховната судијка, Лидија Неделкова, Давид, добил 18 илјади евра, а исто толку добила и ќерката на директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Берниса Рахиќ.

Додека работел таму, директорот на Управата за финансиската полиција како истражител, Арафат Муареми, добил 26 илјади евра, а Примислав Димовски, командантот на „алфите“ зел 39 илјади евра. Ќерката на Борис Тунџев, директор на Катастарот, Катерина Тунџева, добила 20 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов