Ирска укинува голем дел од рестрикциите воведени поради Ковид-19

Од:

Ирска од денеска ги укинува речиси сите ограничувања што се во сила заради Ковид-19, откако помина низ уште еден бран со огромен број заразени од сојот Омикрон, рече првиот минстер Михол Мартин во обраќањето до нацијата.

Ирска минатата недела беше на второ место по новозаразени со коронавирус во Европа, но во исто време е меѓу европските земји со највисоки дози на вакцини, оставајќи многу помалку сериозно болни луѓе отколку во претходниот бран.

– Ја издржавме бурата Омикрон, изјави синоќа Мартин, додавајќи дека бустер дозите на вакцината целосно ја промениле ситуацијата во земјата.

Земјата е една од највнимателните во ЕУ во однос на ризиците од Ковид-19, наметнувајќи некои од најдолгите ограничувања за патување.

По совет на здравствените власти, владата одлучи дека нема да има потреба да се затвораат баровите и рестораните во 20 часот (ова беше ограничувањето воведено на крајот на минатата година поради појавата на Омикрон) како и од клиентите да се бараат докази за вакцинација. Затворените отворените простори сега ќе можат да работат со полн капацитет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина