Бил Гејтс предупредува: Подгответе се за уште полошо

Од:

Бил Гејтс предупредува дека во иднина би можеле да се соочиме со вирус кој е подеднакво заразен, но со многу поголема стапка на смртност.

Основачот на Мајкрософт ги повика богатите земји да инвестираат милијарди долари во развој на вакцини за да можеме да се подготвиме за следната глобална епидемија.

Гејтс рече дека иако делта и омикронските варијанти на Ковид 19 се едни од најзаразните вируси досега, овoj може да биде со многу повисока стапка на смртност, пишува Фајненшл Тајмс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Wellcome Trust донираа 300 милиони американски долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (CEPI), која помогна да се формира програмата Covax, која обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.

Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да го намали периодот за добивање на новата вакцина на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.

„Кога станува збор за трошење милијарди за да се спасат трилиони во смисла на економска штета и десетици милиони животи, би рекол дека тоа е прилично добра полиса за осигурување“, рече Гејтс, истакнувајќи дека таквиот навидум огромен напор, дури и во економска смисла, би спречил многу полоша штета“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски