Официјален Букурешт денеска го оцени како „неприфатливо“ барањето на Русија за повлекување на странските трупи на НАТО присутни на романска територија во рамките на договорот што Москва го бара за да започне деескалација на украинската криза.
– Таквото барање е неприфатливо и не може да биде дел од предмет на преговори, се вели во соопштението на романското МНР.
Руското Министерство за надворешни работи претходно повика на повлекување на странските трупи на НАТО од двете земји-членки, Бугарија и Романија, велејќи дека е потребно „повлекување на странските сили, опрема и оружје“, како и други мерки за враќање на ситуацијата од пред 1997 година во земјите кои тогаш не беа членки на НАТО.
Романските власти ги „отфрлија“ тие изјави и ги оценија како „несоодветни и неосновани“.
Извор: МИА