Боки 13 и Катица Јанева утре ќе бидат спроведени од затвор, повторно ќе се бранат заедно

Од:

Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13, но и Зоран Милески-Кичеец, Владата, распаднатото Специјално јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство, утре ќе треба да се бранат пред Граѓанскиот суд од бизнисменот Орце Камчев, дознава „А1он“. Тој има поднесено тужба преку која си ги бара 1,5 милиони евра, од случајот „Рекет“. Ова е прво рочиште за овој предмет. Адвокатот Александар Михајлоски, застапник на Камчев во граѓанската постапка, потврди дека е закажано рочиште. Но, тој одби да даде било какви информации за предметот.

Доколку биде побарано од судот, Јанева и Јовановски, заедно ќе треба да бидат спроведени во Граѓанскиот суд. Тие, заедно со Милески-Кичеец, по вторпат се бранат од бизнисменот Камчев, откако претходно тој беше сведок во „Рекет“ и посочи како биле земени парите од неговиот дом. Бидејќи е прво рочиште, тужените, ќе треба и да се произнесат за тоа дали ќе определат адвокати кои ќе ги застапуваат.

Нејасно е зошто во граѓанската постапка, тужени страни се и СЈО, Републичкото обвинителство и Владата, ако се има во предвид дека Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд, а со која, како виновни се прогласени само Јанева, Јовановски и Милески-Кичеец кој призна вина.

„А1он“ се обиде да побара објаснување и од адвокатот Тони Менкиноски кој го застапува Камчев во дел од предметите, но тој не одговори на нашиот повик.

Торбата „Луј Витон“ од „Рекет“ во која Камчеви тврдеа дека имало милион евра, остана непронајдена. За неа се тврдеше, дека биле ставени еден милион евра, за кои имаше претпоставки, но не се докажа каде завршиле.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење