Лустрацијата се претвори во одмазда на сметка на државните темели

Од:

Во ниту еден дефиниција, ниту во еден пример, лустрацијата не се толкува како лов на уметници, убивање на делата кои се вредни за секоја почит.

Комисијата за лустрациија никако да го исчисти општеството од  државните функционери, бизнисмени кои во минатиот систем донесувале наредби од кои штета била нанесена на личности но и на државата, а кои и деенска се активни, токму тоа е целта на процесот на лустрација. Напротив, Комисијата решила да ја прочисти македонската култура од сé што е вредно, од сé што оставило траен белег.

Култните дела на македонските уметници, кои биле задолжителна лектира и за членовите на комисијата за лустрација, кои влијаеле на нашето формирање како личности, кои гордо нé преставуваат низ целиот свет и се нем сведок за талентот на еден човек, се  жигосувуваат преку  лустрирање.

Преквалификацијата на светски признаените уметници, кои се впишуваат на листата на шпиони, изгледа како да креираме една лустрациска МАНУ. Но, како нивното сквернавење ги помага политичките процеси во државата, кога тие ја градат уметноста? Ја сече ли комисијата за лустрација уметничката гранка на која седи целата македонска нација?

Членовите на комисијата својот уметничко – лустрациски лов го оправдуваат со фактот дека уметниците за побрз напредок во кариерата, за обезбедување на подобри критики за своите дела, соработувале со тајните служби. Но, дали оваа соработка ја обезбедила нивната висока позиција во македонската култура, ја зголемила важноста на нивните култни дела, кои нема кој не ги знае?

Досиејата на лустрираните немаат доволно простор за споменување на нивните маркантни дела, допринесот кој го дале за македонската култура. Ако внимателно се следи лустрацискиот процес во Македонија, може да се забележи дека само брилијантни уметници, со неповторлив талент се обележани како соработници на службите во поранешниот систем. Па треба ли да се биде генијален за да се биде шпион?

Ловот започна со Милчин. Режисерот чиј допринес во театарот речиси и никој да не го споменува, бидејќи нема доволно простор за тоа во текстовите исполнети за клевети, навреди, во кои тој е означен како непријател на татковината и како ништо друго. Театарските престави, бројните награди, па и последното оживување на кабарето на нашата премногу исполитизирана театарска сцена, немаат никаква тежина кога тој е лустриран, нели?!

Жално е што уметниците со огромен број награди и признанија од неговиот ранг, идните генерации ќе ги споменуваат само како лустрирани соработници на служните, затоа што нивните биографии завршуваат токму со таа информација, која не ја менува нивната брилијантност, нивната генијалност во креирање на неповторливи дела.

Следен на листата на лустрирани уметници се најде и Славко Јаневски, чии дела ги обележаа секое детство. Неговата смрт, ниту почитта кон неговото дело. не го спречија објавувањето на неговото досие, кое е удар врз темелите на македонската книжевност.

Славко Јаневски е починат цели 13 години, па небулозен е фактот дека може да извршува државна функција, па затоа мора да биде лустриран. Или сé е само игра за валкање на неговото име и дело, кога тој не е во можност да се одбрани? Изјавите дека комисијата за лустрација не се занимава со неговиот опус, се вистински показател дека никаков труд не се вреднува во нашата држава. Тој припаѓа на првата генерација повоени македонски писатели, кои ги поставиле темелите на современата македонска книжевност, а според лустраторите тој успехот го доживеал само со соработка со тајните служби.

Тагата, придушениот бол на македонскиот народ, се јасно прикажани во сите негови 15 романи, кои беа задолжителна литература за сите нас. Но, култниот прв македонски роман „Село зад седумте јасени“ ќе остане во сенка на неговото шпионско досие, кое ќе стане задолжителна литература, наметната од денешните  „патриоти“ во  демократски режим.

Лустриран е веќе и писателот Божин Павловски, кој беше најжестокиот критичар на лустрацијата на уметниците, академиците и кој поради тоа стана првиот академик кој поднел оставка и се откажал од МАНУ.

Неговиот роман „Патување со љубената“ не го одведе далеку од окото на лустраторите, кои ја променија неговата патувачка карта кон столбот на срамот, каде го жигосаа и осакатија неговото дело и лик. Иако е жигосан, тој  нема да сопре со неговото промовирање на македонската култура, која другите ја срамотат и уништуваат.
Демократскиот режим како да ги заборави вистинските проблеми кои го тиштат народот, па се посвети целосно на гонење на академиците, уметниците. Но, деградацијата на овие уметници, јавното осакатување- нема да успее да ја намали нивната важност, нивниот допринос за македонската култура.

Нашите процеси се други. Покрај негирањето кое го добиваме од другите земји, негирањето на македонскиот народ, јазик, култура, ние се порекнуваме и самите себеси, со исмевање на секој оној кој целосно го дал својот талент за напредок на македонската култура, оној кој допринел за развивање на македонскиот јазик и култура. Па, зарем тоа не е антимакедонско делување, кое треба да се смета за непријателство и кое ниту некоја идна друга лустрацијаа нема да може да го поправи.

Како ќе градиме култура, кога веќе сме и’ го срушиле темелот, сме го извалкале највредното од нејзе? Но, тоа не е важно за Комисијата, таа лустрира ли лустрира, којзнае дали ќе запре сé додека не ги исчисти сите фотелји во МАНУ, за да ослободи места за пријателите на овој демократскиот режим!

П.С.

Поимот демократски режим веројатно прв пат се споменува во оваа колумна. Терминот упатува на тоа дека режими се исталираат и преку формални избори, за потоа да се воспостави формална демократија, формална правна држава, со еден збор пакувањето ги задржува осбеностите, но содржината внатре е нешто друго него на тоа  што упатува амабалажата, со таа не доведува во заблуда штом ја отвориме.

Автор М-р Наташа Димеска
Авторката е аналитичар во онлајн магазинот „Револуција“, веб локација; http://mkrevolucija.com/

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска