Во изминатите 24 часа во Чешка се потврдени 20.270 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број нови заразени од 1 декември, соопшти чешкото Министерство за здравство.
Пред седум дена се регистрирани 7.342 нови случаи на заразени, а зголемувањето на бројот на новозаразени се припишува на сојот омикрон на коронавирусот, пренесува Ројтерс.
Чешката Република која има 10,7 милиони жители се подготвува за нов бран епидемии. Владата го скрати времето на изолација, а оваа недела започна задолжителното тестирање на вработените во компаниите.