Франацускиот праламент го прифати денеска нацрт-законот со кој се воведува потврда за вакцинација која сака да го воведе владата во борбата со новиот бран на Ковид-19.
Според новиот закон за кој се водеше жестока расправа бидејќи опозицијата оцени дека одредени одредби се престроги, граѓаните ќе мора да покажат потврда за вакцинација за да влезат во кафулиња, ресторани, кина, возови на подолги релации.
Во моментов луѓето можат да влегуваат на јавните места со покажување негативен тест на Ковид-19. Во Франција, 78 проценти од населението е комплетно вакцинирано соопшти вчера Министерството за здравство.
Вечра во Париз и во неколку други градови противниците на вакцинацијата повторно протестираа, но одзивот беше помал во однос на минатата недела по изјавата на претседателот Емануел Макрон дека сака да ги „изнервира“ невакцинираните со тоа што толку ќе им го отежне животот што ќе мора да се вакцинираат.
Во Франција перидов има драстично зголемени бројки на инфекции со коронавирусот. Се регистрираат и над 300.000 нови случаи на дневно ниво. Но, бројот на тешко заболени кои се примаат на интензивна нега е далеку помал отколку во двата претходни брана.