Ракометната репрезентација на Хрватска ја победи Србија во балканското дерби со 23-20 и остана во игра за втора фаза на Европското првенство.
Играчите на Хорват загубија во првото коло од Франција, додека Србите ја победија Украина. Овој меч беше да се биде или не за Хрватите и тие се покажаа во вистинско светло по голема битка за секоја топка.
Прашањето околу победникот го реши второто полувреме, кога голманите на Хрватска влегоа во елемент, а во нападот диктираше Лука Циндриќ кој беше и стрелец и разигрувач, па неговиот тим имаше четири гола предност во еден момент (19-15). Тука беше и искуството на некогашното вардарово крило Иван Чупиќ.
Во последното коло Хрватска ги држи работите во свои раце затоа што игра против Украина, додека Србите се среќаваат со главниот фаворит Франција.