Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 19 јануари 2022 година – среда, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.