ВМРО-ДПМНЕ: Случајно или не, НСДП го потврди сценариото за 24. декември

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што во континуитет го повикува СДСМ на дијалог по однос на работата на ад хок комисијата. СДСМ, коалицискиот партнер на НСДП во континуитет одбива членовите на Комисијата предложени од нивна страна да се сретнат и да продолжат со својата работа, реагира владејачката партија на соопштението на НСДП.

„ВМРО-ДПМНЕ ниту крие нешто ниту има намера да го прави тоа, но очигледно станува дека со постојаното одложување и одбегнување на разговорите внатре во Kомисијата, СДСМ, а и НСДП имаат намера да скријат нешто. Случајно или не НСДП го потврди сценариото за 24 декември. Како што самите велат, нивна цел била со недонесување на Буџетот да предизвикаат вештачки банкрот, а на тој начин спротивно на волјата на граѓаните да биде срушена легитимно и легално избраната Влада. Целта на НСДП, а очигледно и на СДСМ според денешното признание од НСДП очигледно била по цена и на свесно предизвикан вештачки банкрот да се вратат на власт“, се наведува во соопштението

Партијата ги повика НСДП и СДСМ да се воздржат од својот речник полн со „нервоза и негативна енергија“ и да се сконцентрираат на обврските што сите релевантни партии еднакво ги имаат пред себе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина