Почина стаорецот Магава кој доби златен медал за откривање мини

Од:

Стаорецот Магава, кој се прослави со златниот медал за храброст за успешно откривање мини, почина на деветгодишна возраст.

Магава служеше како „деминeр“ пет години, а успешно „намириса“ повеќе од 100 мини и други експлозивни направи на терени во Камбоџа. Со тоа, тој е најуспешниот стаорец трениран од белгиската хуманитарна организација „Апопо“ за наоѓање мини.

Во 2020 година, Магава доби златен медал за храброст, а „се пензионираше“ во јуни 2021. Стаорецот бил одгледуван во Танзанија, а минал една година „тренинг“ пред да биде донесен во Камбоџа. Се верува дека во оваа земја има и до шест милиони мини. Магава „исчисти“ повеќе од 141.000 квадратни метри земја, што е еднакво на 20 фудбалски игралишта. Тој тежеше 1,2 кг и беше долг 70 цм – доволно мал и лесен за да не ги активира мините при преминување преку нив. Му биле потребни само 20 минути да пребара терен колку тениско игралиште, додека на човек со детектор за метал му требаат меѓу еден и четири дена.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он