Мигранти од Куба преку Македонија бараат спас во земјите од Европската Унија

Од:

Лани во билтените на МВР за откривање на мигранти, кои транзитираа или влегуваа во нашата земја, значајна бројка имаше од далечната Куба. Откриени се 410 лица, а на почетокот од годинатв и пет нови кај Гевгелија.

Дека бројот на мигранти од оваа карибска земја е голем, покажуваат и податоците дека тие се откриени во периодот од јануари до октовмри лани, и до крајот на годината уште повеќе ќе се зголеми.

Според МВР, Кубанците во нашата земја влегуваат од Србија и по преминувањето на нашата територија сакаат да продолжат во Грција. Поголем дел од мигрантите од Куба се економски мигранти и тие имаат намера да заминат за земјите на ЕУ.

-Мигрантите од Куба не остануваат во нашата држава и најчесто нивна крајна дестинација е земја членка на ЕУ, велат од полицијата.

Новата година во нашата држава ја пречекаа само шестмина мигранти од Куба, кои се сместени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија, додека во центрите во Скопје и Табановце нема сместено лица од оваа држава.

Последниот обид за пренесување на мигранти од Куба е регистриран на 6-ти, овој месец, кога на патниот правец меѓу селата Прдејци и Смоквица е приведен П.Г.(48) од Богданци, кој превезувал пет лица-мигранти од таа земја.

Би можело да ве интересира

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени кон девет субјекти и три поединци