Демонстрациите во Париз против воведувањето пропусници за вакцинација и неодамнешната изјава на претседателот Емануел Макрон дека невакцинираните луѓе не се граѓани, се претворија во спонтана поддршка за најпознатиот „затвореник“ во светот во моментов – Новак Ѓоковиќ, пишува Спутник.
Pariz: “Sloboda, Đoković, Sloboda, Đoković…” pic.twitter.com/p9tMFR8AK0
— SlobodanSlolub (@SlobodanSlolub) January 9, 2022
Голем број од оние кои се собраа во Париз да протестираат против задолжителната вакцинација, како и против вакцинацијата на децата со паролата и транспарентите: „Држете ги подалеку рацете од нашите деца“, започна да ги извикува и зборовите „Слобода за Ѓоковиќ“.
Во тој момент, Новак стана нивниот невакциниран херој, муза, божество кое неправедно беше затворено во Австралија, каде што чека да започне неговото судење.
Случајот со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со денови е најголема спортска тема во светот, којa толку многу ја заинтригира јавноста што вечерва ќе може во живо да се следи неговото рочиште пред австралискиот федерален суд.
Судењето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ. Австралиските власти објавија и линк на кој ќе може да се следи преносот.