Најстудено на Попова Шапка, времето облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Од:

Утрово, според Управата за Хидрометеоролошки работи измерени се -2 степени на Попова Шапка, -1 во Маврови Анови, Лазарополе, Берово, нула во 0 Крушево, 2 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Куманово, Тетово, Виница, Штип, Битола, Прилеп, три Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, четири во Струмица, Демир Капија, пет во Гевгелија и шест степени во Дојран.

Снежната покривка утрово во 7 часот била 23 сантиметри на Попова Шапка.

Времето во текот на ноќта и утрово облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во првата половина од ноќта снег врнеше и во Пожаране. Дуваше слаб до умерен ветер од североисточен и југоисточен правец.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски