(ВИДЕО) Поддршка за Ѓоковиќ од Задар: Немаме проблем што Новак е Србин, Христос се роди

Од:

Во Задар беше организиран собир за поддршка на Новак Ѓоковиќ каде групата застана во негова одбрана, а на крајот од собирот и заигра тенис.
-Најмалку што можевме да направиме е да му дадеме поддршка, ако некои имаат проблем што тој ја претставува Србија, јас немам. Сакам да му честитам Божиќ, Ноле, Христос се роди, рече еден од учесниците на собирот кој беше организиран од активисти кои се против вакцинацијата.

Освен нив, се огласи и Иван Велибор Синчиќ, хрватски европарламентарец кој го поддржа Ѓоковиќ.

-Моментално во Австралија се одвива цивилизациска срамота. Да го притвориш најдобриот тенисер на светот е политикантска одлука на тие што на крајот ќе изгубат. Новак е херој на планетава. И не е работа за неговото изземање, бидејќи не е тајна дека многу од неговите колеги дојдоа со медицинско изземање. Но тие молчат и нив не ги чепкаат. Проблемот е што Новак не молчеше. И затоа мора да биде казнет. Тоа е срамота и не е демократија. Држи се Ноле, се гледаме во Високо, напиша Синчиќ.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб