Зголемени цените на угостителските услуги

Од:

Ииндексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,6, Безалкохолни пијалаци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 1,7 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година е зголемен за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

За 0,5 отсто поскапеле угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Ана Ололовска

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

Ана Ололовска

Бизнисот бара ревидирање на мерките

Ана Ололовска

Непроменети цените на угостителските услуги во јуни во однос на мај

Ана Ололовска