Воздух од кој печат очите, Скопје вечерва втор најзагаден град во светот

Од:

Скопскиот воздух вечерва е на второ место по загаденост на светско ниво, веднаш зад Делхи во Индија.

Мерните станици поставени низ целиот град покажуваат дека загаденоста на воздухот е на опасно ниво.

Загадувањето на воздухот стана најголема закана за здравјето на луѓето кои живеат во Скопје, а ситуацијата се влошува со години, наместо да се најде решение. Според досегашните анализи, една од главните причини за енормното загадување е греењето на домаќинствата, со придонес од најмалку 32% во вкупните штетни емисии. Во текот на зимските месеци, според мониторинг станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање штетните честички на PM 10 се околу десет пати повисоки од максимално дозволените концентрации според националното законодавство.

Непосредно пред Новата година, воздухот во Скопје исто така беше на опасно ниво, поради што беа воведени краткотрајни мерки за намалување на загаденоста, меѓу кои најпопуларна беше мерката за бесплатен автобуски превоз.

Градот Делхи кој е на врвот на листата најзагадени градови, своите најмлади од аерозагадувањето се бори да ги заштити со тоа што ги затвора училиштата во деновите кога воздухот е најтоксичен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата