Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот.
Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди.
Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е откажан.
Натпреварот Арсенал – Ливерпул треба да се одигра на 6 јануари со почеток во 22:45 часот.