Јанчева: Арсовска да одговори, кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ?

Од:

Координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вели дека откако Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на прославата на новогодишната ноќ на плоштадот, на ред е Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да даде одговори.

„Кој му платил на Георгиевски за озвучувањето? По кој основ на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?

Градот Скопје вчера официјално соопшти дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.

Како е можно друго правно лице да организира дочек на нова Година во име на град Скопје и врз која основа?

Кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата?

Дали парите на сите учесници се платени во кеш?

Почитувани скопјани, Ова е скандал кој може да биде основа за корупција. Особено ако нстапот на Георгиевски претходно бил договорен. Очигледно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, таа сега прераснува во кеш коалиција меѓу двете партии. Арсовска да излезе пред граѓаните и да ги даде сите одговори, наместо да се крие зад штури соопштенија од Град Скопје“, вели Јанчева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски