Попов: Дали додека крати средства за животна средина Арсовска обезбедила пари за фирмата на Перо Камиказа?

Од:

Советникот во Советот на Град Скопје, Мартин Попов, вели дека изминуваат два месеци од изборот на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска а граѓаните на Скопје не гледаат дека во градот нешто се работи.

„Напротив, гледаат само поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Гледаат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина.

Дури и Буџетот на градот за оваа 2022 година не е развоен и не е направен според потребите на граѓаните.
Во Буџетот не се предвидени пари за важни проекти како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки.

Нема пари за ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат точаци, нема субвенции за дополнителна опрема.

Наместо за зеленило и заштита на животната средина, наместо во капитални проекти, Арсовска парите на скопјани ги планира за вдомувања на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали во Буџетот има пари за коалициските партнери на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ?

Дали фирмата на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски Камиказа, КЛС, била ангажирана околу озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад?

Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација?

Ако е донација тогаш таа треба да мине низ Советот на Град Скопје, ако се работи за спонзорство, тогаш треба да има договор за спонзорство.

Данела Арсовска им должи одговори на скопјани на овие прашања“, рече Попов на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев