Одложен натпреварот меѓу Лестер и Норич

Од:

Натпреварот од Премиерлигата меѓу екипите на Лестер и Норич, што требаше да се одигра утре, е одложен на барање на гостинскиот тим поради голем број случаи на заразени со коронавирус и повредени фудбалери во своите редови.

– По доставеното барање од Норич, Управниот одбор на Премиер лигата одржа состанок, и за жал, се согласи да го одложи натпреварот. Управниот одбор го прифати барањето на Норич, тимот бидејќи го нема потребниот број фудбалери на располагање поради случаи на коронавирус и повреди, се наведува во соопштението на англиската фудбалска лига.

Ова е втор одложен натпревар за Норич, а трет за Лестер сезонава.

Норич загуби на последните пет премиерлигашки натпревари без постигнат гол и е последен на табелата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска