Приведен крадец кој ограбил аптека и четири продавници низ Скопје

Од:

Полицијата приведе крадец кој во текот на денот ограбил една аптека и четири продавници низ Скопје.

„Денеска (28.12.2021), полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил четири кривични дела „тешка кражба“, и тоа едната во аптека и три продажни објекти на ул.„Орце Николов“, ул.„Митрополите Теодосиј Гологанов“ и на Плоштад „Македонија“, од кои едната била во обид, при што одзел разни предмети и пари.

Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он