• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ДКСК констатира пет случаи на кумулација на функции кај избрани и именувани лица

by А1он28/12/2021 - 15:40323
Share0

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно поднесените изјави за интереси за 2021 година, констатирала пет случаи на кумулација на функција, од страна на избрани и именувани лица за кои ќе поднесе пркршочен платен налог.

Добивај вести на вибер

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, на денешната 58 седница, информираше дека согласно поднесените обрасци за изјави за интерси за 2021 година од страна на избраните и именувани лица, ДКСК констатирала прекршување на одредби од Законот за спречување на корупција, по што по службена должност ќе достави известувања со записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог до овие лица.

– Имаме член на Совет на Општина Аеродром, кој што е истовремено член на Управен одбор. Имаме прекршување од страна на декан на Факултет и управител на друштво за градежништво, како и в.д. директор на ЈП „Погребални услуги“. Имаме и адвокат кој е истовремено член на Управен одбор на ЈП „Железници“ и адвокат истовремено да е заменик член на Комисија за жалби, изјави Ивановска.

Согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за овие прекршоци се определуваат глоби во висина од 200 до 500 евра, кои со порамнување може да чинат од 150 до 200 евра во денарска противвредност.

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Горан Наумовски11/12/2025 - 12:04

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски02/12/2025 - 12:5102/12/2025 - 12:58

13 кандидати за претседател на ДКСК

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:48

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Предраг Петровиќ15/08/2025 - 16:02

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Горан Наумовски15/08/2025 - 14:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен