Отворен Конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул

Од:

Во Скопје денеска официјално е отворен Конзулат на Малта во земјава и за почесен конзул на оваа островска држава е именуван проф. д-р Кочо Анѓушев.

Анѓушев на должноста е именуван со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела на 5 октомври годинава, а именувањето е одобрено и од малтешката Влада. Соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.

– Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта, која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување пред се на економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме од кај нас во Малта, истакна Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на Конзулатот.

Малта е држава лоцирана во средишниот дел од Средоземното Море, со годишен бруто домашен производ од над 39 илјади долари по глава на жител. Најразвиени сектори се банкарство, ИТ, како и туризмот. Најголем потенцијал за трговска размена со Малта се гледа во извоз на земјоделски производи од нашата држава.

Би можело да ве интересира

Анѓушев на Машински факултет: државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

A1on

Дипломатски синдикат: Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање

A1on

Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со струја на Анѓушев

A1on

Фирма од Зајас ќе ја реновира амбасадата во Цирих: Османи бара гаранција дека не е донатор на ДУИ

A1on